(ВИДЕО) Силна експлозија по земјотресот, пукна гасовод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2023-02-06-183355

„Пукна гасоводот од силината на ЗЕМЈОТРЕСОТ, пожарот се шири без контрола“: ОГРОМЕН ПОЖАР на југот на Турција (ВИДЕО)

— реклама —

Се појави видео снимка на која се гледа како огромен пожар избувнува високо во воздухот во јужна Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди границата на земјата со Сирија.

— реклама —

Корисниците на социјалните мрежи тврдат дека земјотресот што ја погоди Турција предизвикал пукање на гасовод и пожар кој се проширил и е надвор од контрола, пишува Би-би-си.

— реклама —

„Од силината на земјотресот пукнаа гасоводите на долината Амик во Хатај. Пожарот се прошири на нивите“, вели корисник на „Твитер“ под името „Ленар“, приложувајќи го видеото.

https://twitter.com/Lerpc75/status/1622430411681931266?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1622430411681931266%7Ctwgr%5E37eb5d4ad00c2005e58f05ec2243f882b697a779%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2FmKyY6zWzW%2F

Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез утринава изјави дека земјотресот предизвикал сериозни оштетувања на енергетската инфраструктура на земјата, вклучително и гасоводи во близина на епицентарот, но не ги спомна конкретно експлозиите, јавува Би-Би-Си, кој откри дека една од снимките е направена во предградие на градот Хатај, 170 километри југозападно од Газиантеп, каде што е епицентарот на разорниот земјотрес.

Зградите и дрвјата што се гледаат на видеото одговараат на сателитски снимки од долината Амик во близина на Хатај. Познато е дека во регионот има гасоводи и нафтоводи според официјалните карти, наведува Би-би-си.

Агенциите претходно објавија дека протокот на нафта од Ирачки Курдистан преку турското пристаниште Џејхан е привремено прекинат по големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.

Исто така, беше објавено дека набргу по земјотресот дошло до експлозија, а потоа и пожар на гасоводот во селото Топбогази, во областа Кирихан, што го запрело протокот на природен гас кон провинциите Газиантеп, Хатај и Кахраманмарас и окрузите Пазарчик, Нарли, Бесни, Голбаши, Нурдаги, Ислахије, Реиханли, Кирихан и Хаса.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања