Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Издаден е црвен аларм за екстремно опасно време на Јадранот.
Во прекин се бројни траектни, бродски и катамарански линии – од северен Јадран до Дубровник, јави Индекс. Поројниот дожд ги поплави крајбрежните шеталишта, а црвен аларм е во сила за подрачјето на Истра и Лика и Горски Котор.
Хрватски авто-мото сојуз информира дека поради силниот ветер на некои патишта сообраќајот е ограничен само на патнички, додека на камионите и автобусите им е забрането движење.
Поради невремето кошто што трае со денови, тони отпад се депонирани во околината на Дубровник, но и на бреговите на далматинските острови како Корчула, Мљет, Ластово на Јадранот. Станува збор претежно за отпад од Албанија, кој што најпрво се фрла во реките, по што завршува и во морето, пренесува „Далмација денес“.
https://www.facebook.com/istramet/videos/457445694976749/
фото:novosti