Синот и снаата на Стевчо Јакимовски побарале венчаница, а добиле умреница. Ова го кажа кандидатот на претседател и градоначалник на Карпош.
„Син ми и снаата побараа извод од матична книга на венчани, а добија од матична книга на умрени. Денот на нивната свадба е ставен како ден на нивната смрт“, кажа Јакимовски.
Потоа, тој додава: „Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсеќа“: