Се појави видео на кое се гледа како војводата од Јорк испраќа млада жена од внатрешноста на замокот на богаташот-педофил Џефри Епстајн во Њујорк. Оваа снимка повторно ги потпали шпекулациите на интернет, а Бакингемската палата се обидува да ја смири ситуацијата.
Видео-снимката добиена од „МеjлОнлајн“ наводно е снимена на 6 декември 2010 година, во периодот кога Ендрју беше фотографиран со осрамотениот милијардер во Централниот Парк на Њујорк. На видеото е прикажан војводата кој стои пред голема врата од палатата и се збогува со некоја жена, откако Епстајн ќе замине и потоа влегува во автомобил.
– Војводата од Јорк е згрозен од наводните обвинувања против Џефри Епстајн кои неодамна се појавија. Неговото кралско височество ја осудува експлоатацијата на секое човечко суштество и сугестијата дека тој би учествувал или охрабрил такво однесување е навредлива – стои во изјавата на Бакингемската палата.
Од Бакингемската палата остро ги негираат обвинувањата од жена која тврди дека била присилена да има сексуален однос со војводата кога била малолетна. Вирџинија Робертс тврдеше дека била присилена да има сексуален однос со Ендрју кога имала 17 години, што е под возраста на согласност во државата.
Таа тврди дека имала сексуален однос со Ендрју „трипати, вклучително и една оргија“ во Лондон, во домот на Епстајн во Њујорк, како и во „оргија“ на неговиот приватен остров на Карибите.