Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Скопје добива Дино-парк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
dino-park

Четириесет и еден диносаурус наредната недела од производителот во Кина ќе пристигнат во скопската Зоолошка градина. Како што информираа од Зоолошка, макетите на диносаурусите ќе бидат во природна големина и ќе бидат монтирани во Дино паркот чија изградба е при крај во кругот на Зоолошка и на површина од околу 2.000 квадратни метри.

https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/pcb.3339070369650871/3339069419650966/?type=3&theater

— реклама —

Посетителите веќе од средината на септември ќе можат да видат Тираносаурус, Алосаурус, Стегосаурус, големи и мали диносауруси, како и мајки со бебиња кои синхронизирано ќе се движат, ќе трепкаат со очите и ќе дишат, но и испуштаат крици со цел да се долови како опстојувале овие праисториски животни на нашата планета.

— реклама —

Дино паркот почна да се гради лани на 10 октомври и тогаш градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека ова ќе биде првиот Дино парк на Балканот во кој ќе има толкав број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни.

https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/pcb.3339070369650871/3339069399650968/?type=3&theater

— реклама —

 

https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/pcb.3339070369650871/3339069542984287/?type=3&theater

Средствата за овој проект е Град Скопје кој за оваа намена од градската каса издвои 325 илјади евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања