Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Скопскиот татко по 72 часа мандат: Собрано петпати повеќе ѓубре од тоа што вообичаено се собира за викенд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-libraryompq4tn9s3m58aYsUQ1

Во првите 72 часа откако ја презеде функцијата градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски спроведе голема акција за чистење на главниот град, во која биле собрани повеќе од 4.500 тони отпад.

— реклама —
— реклама —

Во акцијата учествувале над 2.500 работници, а биле исчистени речиси сите микролокации со контејнери и диви депонии, како и речното корито на Вардар, кое, според градоначалникот, „по долги години конечно тече нормално“.

„Плоштадот ‘Македонија’ е исчистен, кејот беше целосно третиран, исто како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симбол на срам за градот. Нема да дозволам повторно да ја гледаме грдата слика на валкано Скопје“, изјави Ѓорѓиевски вечерва на плоштадот, по завршувањето на акцијата.

— реклама —

Според податоците од Град Скопје, во текот на првите три дена биле изречени повеќе од 40 казни и 70 опомени за физички и правни лица кои несоодветно го одлагаат отпадот.

Градоначалникот најави дека контролите ќе продолжат, а сите кои ќе фрлаат смет на јавни површини ќе се соочат со санкции.
„Ова е само почеток на создавањето ново лице на Скопје – чисто, достоинствено и европско“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

До црногорското приморје со авион од Скопје: од мај 2027 година почнуваат директните летови до Тиват

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 1 седмица

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 2 седмици

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања