Промени тема
Контакт

(Видео) Слаткар: „Збореа дека сум бил наркоман само поради говорната маана, а јас бев среќен само затоа што не зборуваа дека д'ткам“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library3llofb29rpnjakD34mQ

Македонскиот рапер Марко Маринковиќ - Слаткар во „Претрес со Ландов“ отворено зборуваше за периодот по објавувањето на неговиот филм, откривајќи дека многу потешко ги доживувал навредите поврзани со неговото пелтечење отколку другите шпекулации што кружеле за него.

„Кога излегов, сите зборуваа дека сум наркоман. Никој не зборуваше дека д'ткам. Искрено, бев среќен. Нека зборуваат дека сум наркоман, само да не зборуваат дека д'ткам“, рече Слаткар, додавајќи дека таквите коментари можат силно да влијаат врз младите кои се соочуваат со сличен проблем.

Тој истакна дека токму поради тоа верува дека неговиот филм „Слушни ме“ може да помогне на многу луѓе, не само во Македонија, туку и пошироко.

— реклама —

Осврнувајќи се на државното финансирање на филмот, Слаткар рече дека, иако неговиот проект добил најмал износ меѓу поддржаните, во јавноста се создал впечаток дека ги добил речиси сите средства.

— реклама —

„Прво се објави дека сум ги зел сите пари од Агенцијата. Не можеш да се бориш против таква лавина. Никој не сакаше да слушне дека средствата што ги добив беа само мал дел од вкупниот буџет“, изјави тој.

Според него, најмногу го погодило тоа што, како што вели, „чист филм како солза“ бил ставен под сомнеж поради негативните реакции поврзани со државната поддршка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library24do109q962qdwUHAuz

(Видео) Емотивен момент на концертот на Слаткар: „Еве ја Сара“, кажа Слаткар откако на сцена се качи Надица

Сцена | пред 3 седмици

media-libraryvau5m9qr8ki49Lz8T1m

(Видео) Цела публика ги пееше стиховите на ДНК, Влатко Илиевски, Тоше, Владо Јаневски, на концертот на Слаткар

Сцена | пред 3 седмици

media-libraryvau5m9qr8ki49Lz8T1m

(Фото) Над 10.000 луѓе на спектаклот на Слаткаристика во Охрид: Стадионот ечеше од хитовите

Сцена | пред 3 седмици

media-libraryt30cfrcnv1m3b0vAL4N

(Видео) Илинден со македонски концерт во Охрид: Три града се домаќини на најголемите музички настани годинава

Сцена | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања