„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Славева: СДСМ ги убедуваа граѓаните дека вакцините се штетни, а сега им се закануваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Maja-Slavena

Ќе има ли одговорност и кој ќе одговара за епидемијата на морбили што ја зафати Република Македонија? Кампањите на Заев и Филипче чиј основен мотив беше дека ако граѓаните ја поддржат промената на името, со влезот во ЕУ ќе добијат поквалитетни вакцини веќе предизвикува катастрофа, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

oEb9mGGOQQs
— реклама —

„ВМРО ДПМНЕ и пред референдумот побара оставки за неодговорното однесување и лажењето, но и Заев и Филипче избегаа. Дали повторно и Заев и Филипче ќе избегаат од одговорностa за епидемијата?

Лицемерието на СДСМ нема граници. Од опозиција во 2011 година водеа кампања против вакцинирањето во ек на епидемија, а сега откако прогласија епидемија на морбили набавуваат вакцини во вредност од над 10 милиони евра и се закануваат со казни за невакцинираните.

Според СДСМ од опозиција масовното вакцинирање никогаш не се практикува во ек на епидемија, затоа што бил потребен период за да се создаде имунитет а самата вакцинација не е доволна да се спречи епидемијата. Според СДСМ од власт вакцинирањето е задолжително и e обврска за родителите. На кое СДСМ треба граѓаните да му веруваат? На она кое свесно креираше паника против вакцинирањето и придонесе за антивакциналното расположение или на ова сега“, вели Славева.

Таа додава дека односот на власта кон клучни прашања за здравјето на граѓаните покажува дека тие единствено водат грижа за собирање на ситни политички поени и на ништо друго.

„Последица од прибирањето на ситни политички поени е и ситуацијата со епидемијата која директно е причинета од неодговорноста на СДСМ.

Обвинуваа дека вакцинацијата е бизнис идеја, а сега набавуваат вакцини за над 10 милиони евра, во ек на епидемија. Крајно лицемерие и неодговорност кон граѓаните и кон нивното здравје.

Тогаш ги убедуваа граѓаните дека вакцините се штетни, а сега им се закануваат! СДСМ менува ставови за политичките поени. Политички поени не смеат да се прават на грбот на децата!

Граѓаните секојдневно ги согледуваат лицемерието и неспособноста на оваа власт. Овие црнила мора да си заминат. Црното владеење на СДСМ ќе заврши! Ќе изгрее зората за Македонија“, изјави Славева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања