Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Следува раст на пензиите, најави власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

„Владата предводена од СДСМ за четири и пол години двојно ја зголеми минималната плата. Веќе од први април 80.000 работници ќе добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари, односно 3.000 денари повеќе од она што како минимална плата го добиваа досега. Заштитата и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани останува врвен приоритет на СДСМ. Следува ново зголемување на пензиите откако со редовното законско усогласување минатиот месец истите се зголемија за 2.9 отсто“, вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

Таа додава:

„Новата методологија за повисоки пензии ќе се донесе низ дијалог со сите засегнати страни кој почнува уште утре.

— реклама —

Важно е да се напомене дека покрај зголемувањето, се разговара и за воведување на дополнителен финансиски пакет за пензионерите со цел да и се помогне на оваа категорија граѓани во справувањето со последиците од енергетската и економската криза.

Преку навремени и ефикасни мерки и политики го јакнеме економскиот стандард на околу 330.000 пензионери.

Како партија која се води исклучиво од интересите на граѓаните продолжуваме со реализација на проекти кои значат помош за домаќинствата и повеќе пари во семејните буџети“.

L53D2OLEKjA

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања