„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Снег во Македонија, забрана за товарни моторни возила и на планинскиот премин Стража

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
straza

Во Македонија денеска под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.

— реклама —

Температурите преку денот нема многу да се покачат и ќе се за 8 до 10 степени пониски од денешните. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка.

— реклама —

Од изутринава пак има забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража.Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Кула, Крушево, Крива Паланка – ГП Деве Баир и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека, информира АМСМ.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

фото: Скопје 1

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања