„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Снегот го блокираше патот Велес-Штип, возилата стојат, “Македонија пат” ги нема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
l9Gk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT1dVN01EQV8vYjdmNTRhNWI5ODA5NTYxNzRkODE1NGQwMThiNDljZDAuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата. Ова е сликата која може да се види низ Македонија откако рано утрово започнаа снежните врнежи.

— реклама —

Голем број на патишта се целосно под снег, а возачите се нервозни. Според информациите на патниот правец Велес-Штип заглавени се седум камиони со што сообраќајот е во прекин.

https://www.facebook.com/100002733974915/videos/1725822164185566/

— реклама —

Слична е ситуацијата на регионалниот пат Демир Хисар - Прилеп, кој не е исчистен, а жителите од неколкуте села го користат овој патен правец за да стигнат до градот.

https://www.facebook.com/Selo.Barakovo/videos/339414363322319/

Од „Македонија пат” велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци во државата.

На дел од патиштата како Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка е вклучена забраната за тешки товарни возила, а за останатите возила е потребна зимска опрема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања