Снеже Велков, авторката на новата емисија „Нешто конкретно“, објави детали за тоа што ќе се обработува како теми во новиот проект. Ќе се емитува во недела, на „Телма“ телевизија. Велков се заблагодари на поддршката, а кажа дека очекува идеи од нејзините следачи на „Инстаграм“.
„Ќе се обидеме наши познати ликови, спортисти, познати лица, да одговараат на прашања на кои вообичаено не одговараат. Да видиме како размислуваат на секојдневни теми. Навистина е интересно на тоа какви се одговори добивме. Ќе чекам и вие да видите и погледнете, па да кажете дали ќе ви се допадне тоа што го сработевме. Ова ќе е полусезона, се надевам од септември ќе заблеска повеќе. Ќе се емитува и онлајн во 20 часот, како и на телевизија“, кажа Велков.
Таа посочи дека е благодарна на цела екипа, а емисиите ќе траат 45 минути.
„Сакавме со проектот да излеземе од шемата и црнилата, дискутирање на секојдневни теми како политичка и економска ситуација, а да дискутираме на теми кои ги поминуваме и одминуваме, како да не се битни. Кога нештата се гледаат од духовита страна, полесно се прифаќаат и менуваат. Веќе од утре ќе ве изненадам со тие кои се мои гости во емисијата. Дел од нив за првпат прифатија да бидат дел од ваква емисија“, додаде Велков.