Снежната бура ги погоди Хаваите. Бурата предизвика хаос бидејќи голем број домаќинства останаа без струја, а беа поплавени и голем број патишта. Невремето проследено со врнежи од снег, доведе до прекин на електричната енергија до голем број домаќинства и поплави, додека силниот ветер корнеше гранки, кои предизвика оштетувања на некои домови и објекти и блокираа повеќе патни правци.
Снегот не е невообичаен за планинските врвови на Хаваите, но неговата појава на височина од 1.900 метри е досега нерегистрирана појава на овие острови во централниот дел на Тихиот Океан.