„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Снежни и лизгави патишта низ земјава, нема кој да ги исчисти?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
straza

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, велат од АМСМ. Но состојбата на терен покажува дека на планинските превои каде што има снег истиот не се чисти.

— реклама —

Патиштата се лизгави со тенок слој на снег кој предизвикува зализгување на автомобилите. Препорачливо е крајно внимателно возење.

— реклама —

Инаку од АМСМ информираат дека од 8:00 часот воведена е забрана за ТМВ на патниот правец крак Маврово- Дебар. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Г. П. Илинден - Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања