Промени тема
Контакт

(Видео) Снимка открива детали за оштетувањето на објектот на Бугарската амбасада во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-librarypvjl3n2k6p8i0ACh448

Снимките од видео-надзорот поставен на објектот на Бугарската амбасада во Скопје го документираат моментот на оштетување на стаклото од влезната врата на дипломатското претставништво. На видеото се гледа лице со капа и бела маска на лицето, кое во едната рака држи стап, додека со другата рака замавнува кон стаклената површина на влезната врата, по што се оддалечува од местото на настанот.

— реклама —
— реклама —

Инцидентот беше пријавен денеска, 11 јануари 2026 година, во 15:55 часот, кога офицер за безбедност на Амбасадата на Република Бугарија, преку системот за видео-надзор, забележал дека едно лице извршило оштетување на објектот. Пријавата била доставена до СВР Скопје од Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, по што биле преземени мерки за расчистување на случајот.

По настанот реагираше и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, кое соопшти дека го осудува инцидентот, оценувајќи го како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи. Од Софија наведоа дека станува збор за напад врз објект кој го сметаат за симбол на државноста и официјалното присуство на Бугарија во Република Македонија.

— реклама —

Во реакцијата, бугарската дипломатија изрази загриженост дека ваквиот инцидент е последица на, како што наведуваат, недоволна и навремена реакција на надлежните институции во земјава при претходни случаи на вандализам и напади врз објекти и лица поврзани со бугарската заедница. Дополнително, се посочува дека институционалната неактивност, заедно со толерирањето на говор на омраза, создава средина во која ваквите дејствија се повторуваат.

Од Министерството за надворешни работи на Бугарија побараа итно идентификување и санкционирање на сторителот, како и преземање мерки за гарантирање на безбедноста на дипломатските и конзуларните претставништва, нивниот персонал и имот. Воедно, најавија дека внимателно ќе го следат развојот на случајот и дека го задржуваат правото на дополнителни дипломатски чекори, во рамки на меѓународното право.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryisls4fucpevc8tHiIAJ

Убиен познатиот бугарски бизнисмен Илијан Филипов

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
Car_Samoil

Посмртните останки на цар Самоил, кои се откриени во Малото Преспанско Езеро, ќе бидат пренесени од Солун во Бугарија на 3 октомври

Балкан | пред 1 седмица

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Европската комисија со шест постапки против Бугарија, ѝ даде рок од два месеци

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Шестгодишно момче пронајдено со убодни рани во стан во Софија, таткото скокнал од петти кат од зградата во која живееле

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања