Српскиот политичар, Срѓан Ного, објави краток исечок од снимка од автомобилот со кој е киднапирана Вања Ѓорчевска. Намсто видео материјал, објави нова најава. Тој посочува дека во сабота, во 12 часот, ќе објави снимки од убиениот Панче Жежовски и снимки од разговорите помеѓу Александар Ѓорчевски, татко на Вања и инспекторите на МВР.
„Снимките докажуваат дека тој лично, а не полицијата, го открил, поврзал и разрешил случајот со исчезнувањето на Панче Жежовски и неговата ќерка, па ги предал доказите за што е неправедно осомничен, уапсен, и медиумски сатанзиран. Ќе објавиме и многу други информации скриени од јавноста“, вели Ного во објавената снимка.
Потоа следува и тонско парче во кое се слуша објаснување во кое се зборува за некакви коли кои застануваат на бензиска пумпа, па се враќаат наназад..
„Се престројува зад ова ‘берлинго’. Ова е зад ‘Папилон’, карши Буњаковец“, кажува гласот во видеото.
(Фото) Објавени нови фотографии од возилото со кое е киднапирана Вања, најавени и снимки
Српскиот политичар, Срѓан Ного, објави фотографија од возилото со кое е киднапирана убиената Вања Ѓорчевска, а најави дека утре ќе ги објави и сите снимки. Според датумот од фотографијата, извадена од снимка од безбедносна камера, таа е направена утрината кога Вања е киднапирана, во 07:34 минути. На втората фотографија направена од безбедносни камери на бензиска пумпа (нема датум), се гледа и ликот на мажот кој го управува автомобилот, а наликува на убиениот Панче Жежовски.„Ексклузивно ги објаву
Македонија | пред 2 години
Српскиот политичар нема да ја компромитира истрагата со објавата на снимки од киднапирањето на Ѓорчевска, обвинителката ги има сите докази, тврди Обвинителството
Српскиот контроверзен политичар, Срѓан Ного, не може да ја компромитира истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сметка скопското Обвинителство. Оттаму за „Скопје1“ посочуваат дека ги имаат сите потребни докази за да ја утврдат цела траекторија на движење на четворицата осомничени, за чиј предводник, истрагата покажала дека е Љупчо Палевски-Палчо.„Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие при
Македонија | пред 2 години