“Добредојдовте во Албанија”. Со оваа парола започнува промотивното видео од вчерашната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово, а видеото го објави тетовскиот градоначалник Билал Касами.
На настанот кој беше организиран со сите почести, освен со интонирање на државната химна на Република Македонија, се вееше и знамето на таканаречената “голема Албанија”, што наиде на остри реакции.
Засега реакција на ваквото видео нема ниту од власта, ниту од опозицијата.