„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Со јавни работи за земја без отпад – чистење на каналите и управување со отпадот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Актуелно
mak-koncept

Состојбата на одводните канали е многу лоша и е извор на болести и зарази. Лошата состојба на одводните канали е причината за загадувањето на површинските води, оние води што се користат за наводнување на полјоделските култури се контаминирана со фекалии. Општина Илинден е само едно од местата каде состојбата со отпадот е алармантна и неопходна е изградба на комплетна одводна канализациона мрежа со пречистителни станици со цел да не се исфрла фекална и друга отпадна вода во каналот.

— реклама —

“Поголем број од жителите во оваа општина немаат фекална канализација и се уште користат септички јами, кои најчесто се дренираат во каналската мрежа. Голем дел од каналската мрежа поминува низ оваа општина, и веќе многу години е еколошка рана. Тоа мора да се реши веднаш. Прочистителните станици во Општина Илинден решаваат само еден минорен дел од еколошката катастрофа во која запаѓаме. Загадувањето не е нешто што не може да се спречи, само потребно знаење, волја и функционално решение. Со ѓубрето што го создаваме треба да се управува на начин како што управува целиот свет, односно отпадната вода треба да оди назад во природата ама прочистена, а тврдиот отпад да биде рециклиран”, рече Ивица Мицев кандидат на листата на Македонски концепт во ИЕ 3.

Општините, селата и градовите, целата држава е депонија, отпад се остава секаде, никој не се грижи за животната средина, грижата за животната средина е индивидуална одговорност на секој од нас и воедно на институциите. Граѓаните заслужуваат да живеат во чиста и здрав животна околина. Институциите треба да си ја завршат својата работа. Македонски концепт има проект за справување со отпадот во Македонија и решение за моменталната ситуација.

— реклама —

“Проектот Јавни работи за земја без ѓубре, предвидува истовремено решавање на неколку сериозни проблеми. Како приоритетно проблемот со отпадот од чие решавање ќе произлезе можност за дополнителна заработка за граѓаните. Бенефитите од овој проект започнуваат од чистата животна средина а продолжуваат на намалување на сиромаштијата. Суштинско во нашиот проект е вклучувањето на граѓаните затоа што институциите потфрлија, системот не функционира и станавме земја на отпадот”, објасни Мицев

Проектот „Јавни работи за земја без ѓубре” соединува три аспекти, справување со отпадот, со сиромаштијата и унапредување на капацитетите на локалниот туризам. Секој што е во можност, а пред се лицата во социјален ризик, секој што сака да го дополни семејниот буџет во слободно време, пензионери, планинари, ученици, ќе може со општествено-корисна и платена работа, да придонесат за справување со енормниот проблем со несоодветното фрлање ѓубре во природата.

Дадената поддршка за бројот 10 е глас даден за вас, за нормална држава во која сакате да живеете, во еколошки чиста и безбедна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

lulieta

Лулјета Ајрулаи: „Македонски Концепт“ преку своите проекти нуди реални и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, еве што предлагаме…

пред 5 години

todor

(ВИДЕО) Иваноски: Еве зошто да гласате за бр. 10 за Македонски концепт“

Актуелно | пред 5 години

boskoski

Целта на Македонски концепт е Закон за пратеници волонтери со кој пратениците нема да се богатат и ќе работат за граѓаните

Актуелно | пред 5 години

Нема фотографија

Дејкоски: Во селата може и мора,да се креира одржлив развој

Актуелно | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања