Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Со „комшиски врски“ станала обвинителка: Ме фати за рака и ме однесе во обвинителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryp1m9gm5m45qc1KV0XOU

Обвинителката Лидија Раичевиќ, која е кандидатка за раководната позиција во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во „Претрес со Ландов“ откри дека сосетка, која во тоа време била обвинителка, ѝ помогнала да ги направи првите чекори во обвинителството.

Запрашана како дошла до обвинителската функција и дали имала врски, Раичевиќ кратко одговори: „Комшиски“.

— реклама —

Потоа објасни дека како млада работела како адвокатски приправник во канцеларијата на адвокатот Илија Марков, но се соочила со проблем при обезбедувањето на потребната потврда за полагање правосуден испит.

„Јас бев адвокатски приправник во канцеларијата на адвокатот Илија Марков. Меѓутоа, требаше да полагам правосуден испит. Тој не ми даде потврда два месеца пред истекот на рокот за да можам да го подготвам. Јас дојдов дома плачејќи, бев млада“, раскажа Раичевиќ.

— реклама —

Тогаш, според нејзиното сведоштво, ѝ помогнала обвинителката Мимоза Илиќ, која живеела во истата зграда.

— реклама —

„Кога виде дека ми недостигаат тие два месеца, таа ме фати за рака и рече: ‘Ќе дојдеш во обвинителството’. Јас дојдов, волонтирав три години без денар, а потоа ме примија за стручен соработник“, изјави Раичевиќ.

На нејзиниот одговор, водителот Кристијан Ландов се пошегува: „Значи, бирајте ги комшиите“, на што обвинителката потврдно одговори.

— реклама —

Раичевиќ ја раскажа оваа епизода во разговорот за својата професионална кариера, состојбите во правосудството и нејзината кандидатура за раководната функција во обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5eapedkqp84mfalLYOy

(Видео) Секретарот на СДСМ го испрати Шема да провери што значи „шемо“ на италинански, па рече: Ако сфатил навреда, би се извинил

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library991qte6r71k97TXebOc

(Видео) „Има ли пресуда?“ — „Има истрага“: Жестока расправа со секретарот на СДСМ за Алта банка

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrhj6d9v1rc636fbX6Ei

(Видео) „Возевме такси, спиевме петмина во стан“: Секретарот на СДСМ за бегството во Шпанија

Македонија | пред 2 дена

media-library991qte6r71k97TXebOc

(Видео) Трифуновски: Алта банка е криминална, гувернерот мора да понесе одговорност

Студио | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања