Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Со солзи и неколкупати повторено благодарам, жена-фантом првпат зеде в раце извод од матичната книга на родени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-12-19-at-14.23.16

Со солзи и неколкупати повторено благодарам, жена која досега била фантом, невидлива за државата, денес првпат зеде в раце извод од матичната книга на родени. Нејзината реакција ги расплака и службениците кои кришум си ги бришеа солзите. Премиерот Димитар Ковачевски го врачи првиот извод на едно од лицата кои досега не биле евидентирани и покрај тоа што се родиле и израснале во земјава.

— реклама —

„Денес ставивме крај на еден горлив, тридецениски проблем кој го имаат стотици граѓани кои се родиле на територијата на нашата држава, но не беа впишани во матичната евиденција и немаа изводи на родени. Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не можеа да склучат брак, ниту пак да го регулираат статусот на нивните деца, едноставно ги немаше во системот на државата. Овие проблеми веќе се минато. Измените во законот го отворија патот за решавање на 526 човечки судбини од кои досега е извршен упис во матична книга на родените на 409 лица, а останатите 117 лица ќе бидат впишани до крајот на годината“, рече премиерот Ковачевски и ги охрабри граѓанските здруженија кои работат на оваа проблематика доколку се уште постојат неевидентирани лица да ги поттикнат да ја почнат процедурata за добивање извод од матична книга на родените.

— реклама —

Најзаслужни за евидентирање на досега невидливите лица за државата покрај Министерството за правда и Управата за водење матични книги, премиерот смета дека се пратеничките Соња Мираковска, Љатифа Шиковска и Снежана Калеска-Ванчева оти ги подготвиле амандманите на законот за матична евиденција со кои системски се реши проблемот на неевидентираните лица.

Министерот за правда Кренар Лога рече дека со овој чекор Македонија е на прво место во Европа и на второ место во светот за решавање на проблемот со неевидентираните.

„Овие лица повеќе нема да бидат маргинализирани, дискриминирани, лишени од здравствена и социјална заштита, образование и пристап до правдата“, рече министерот Лога.

Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени беше донесен во 2020 година, а измените на овој Закон Собранието ги изгласа на 14 јуни годинава. Законот го гарантира правото на упис во матична книга на родени на секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија веднаш, а најдоцна 45 дена од денот на раѓањето на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања