(ВИДЕО) Со својот мобилен телефон, Спилберг го режираше првиот музички спот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Screenshot-2022-07-20-091043

Познатиот американски режисер Стивен Спилберг за првпат во кариерата режираше спот, за новиот сингл на Маркус Мамфорд, фронтменот на бендот „Мамфорд и синс“, објавија американските медиуми.

— реклама —

Музичарот во понеделникот на својот Инстаграм профил објави дека видеото за новиот сингл ќе го режира оскаровецот Стивен Спилберг.

— реклама —

— реклама —

Интересно е тоа што Спилберг го користел својот телефон за снимање, а му се придружила и неговата сопруга Кејт Капшо, која е продуцент, како и продуцентката Кристи Макоско Кригер, која работи со Спилберг од крајот на 90-тите.

„Во недела, на 3-ти јули, во една средношколска сала во Њујорк, Стивен Спилберг го режираше своето прво музичко видео, во една слика, на својот телефон“, напиша Мамфорд покрај трите црно-бели фотографии од снимањето, додавајќи: „Не можам да се наситам да им се заблагодарам на Кејт и Стивен“.

Стивен Спилберг е еден од највлијателните режисери на денешницата. Добитник е на три Оскари и награда за животно дело.

pOcfW0zv7cY

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања