Промени тема
Контакт

(Видео) Со украден џип влета во преполн трговски центар во австралиската држава Викторија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarykivstk01sf71eZ39DcG

Вистинска драма се одвивала во трговски центар во австралиската држава Викторија, откако осомничен за кражба на „Тојота Лендкрузер“ се обидел да ѝ избега на полицијата возејќи низ преполниот објект.

Инцидентот се случил на 18 јуни во трговскиот центар „Нортленд“, кога полицијата го опколила украдениот теренец пред влезот. Наместо да се предаде, возачот неколкупати удрил во полициско возило, а потоа со голема брзина влетал во трговскиот центар.

На драматичните снимки се гледа како возилото минува низ ходниците додека преплашените купувачи бегаат. При излегувањето од објектот, теренецот ги пробива стаклените врати и удира во заштитен столб, а мајка со дете во последен момент успева да се тргне од неговиот пат.

— реклама —

Според локалните служби за итна помош, едно лице било згрижено поради претрпен шок, додека уште две лица биле прегледани, но не им била потребна медицинска помош.

— реклама —

Од полицијата соопштија дека располагаат со јасни снимки од осомничениот и очекуваат негово брзо приведување.

„Тојота Лендкрузер“ е меѓу најпопуларните теренци во Австралија, но воедно е и едно од најчесто крадените возила во земјата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

277989040_1904976516373930_5531966523921200617_n

„Пред 80 дена беше Викторија, утре може да биде секој од нас“, вели Михајловиќ

Македонија | пред 4 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања