„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Соборените ракети паѓаат на плажa: Се зголемува бројот на загинати во нападот на Крим, 3 деца загинаа на плажа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
rusija-1

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени кога шрапнели од проектили паднаа врз луѓето на плажата вчера за време на украинскиот напад на Севастопол на Крим, полуостров незаконски анектиран од Русија во 2014 година. „За жал, во моментов имаме 124 жртви, се три деца“, рече гувернерот на Севастопол Михаил Развозаев на Телеграма.

— реклама —

На социјалните мрежи се прошири видео на кое наводно се гледаат фрагменти од соборените ракети како паѓаат на плажа.

„Одговорноста за намерниот ракетен напад врз цивилите во Севастопол, градот на Крим, е првенствено на Вашингтон, кој го испорача оружјето на Украина, но и на властите во Киев“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. „Но, таквите постапки нема да останат без одговор“, додаваат тие.

— реклама —

Во април Вашингтон објави дека испратил ракети ATACMS во Украина. Киев долго време ги бара од Западот за да може да изврши напади понатаму зад линијата на фронтот. Во октомври Украина за прв пат употреби американски ракети АТАКМС против Русија, но оние што неодамна ѝ беа испратени имаат поголем дострел, до 300 километри.

Украинските власти сè уште не го коментирале нападот врз цели во Севастопол, пристанишен град кој е редовна цел на напади, особено затоа што е дом на руската Црноморска флота. Крим е многу важен логистички центар за руската војска.

„Руската противвоздушна одбрана собори четири проектили. Меѓутоа, за време на одбраната, уште еден отстапил од траекторијата, при што боевата глава експлодирала во воздухот над градот“, велат руските власти. Нападот се случил кога некои цивили се враќале од работа, а некои веќе биле заминати на плажа со своите деца, рече Развозајев.

Очевидци наведуваат дека сирената за воздушен напад што предупредувала за напад не се огласила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања