Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Шок во Данска: Ериксен повторно колабираше среде натпревар, мечот прекинат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-libraryju1nkkro57snesDd1rq

Пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина беше прекинат во 79. минута по драматични сцени на теренот, откако данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен ненадејно падна на тревникот.

— реклама —

Инцидентот се случил при резултат 2:1 за Данска, по што главниот судија веднаш го прекина натпреварот, а медицинските екипи интервенираа.

— реклама —

За среќа, по околу 15 минути неизвесност, Ериксен успеал да стане и да покаже дека е во стабилна состојба, што предизвикало олеснување кај присутните. Сепак, натпреварот во Оденсе не продолжил.

— реклама —

Новиот инцидент повторно ги врати сеќавањата на Европското првенство во 2021 година, кога Ериксен колабираше за време на натпреварот меѓу Данска и Финска во Копенхаген и мораше итно да добие медицинска помош на теренот.

По тогашниот настан му беше дијагностицирана срцева аномалија, но подоцна доби дозвола да ја продолжи професионалната кариера.

— реклама —

Најновиот колапс повторно ја вознемири фудбалската јавност и отвори нови прашања околу неговата здравствена состојба и иднината на неговата кариера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya8g1pubicfuh7GsqR1d

По драмата на мечот со Украина, Данците со нови информации за Ериксен

Спорт | пред 3 седмици

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања