Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Солзавец, водени топови и судири на улиците на Буенос Аирес по поразот на Аргентина: Судири меѓу навивачи и полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Свет
media-libraryh5a9j0qkk4304XWs6nE

Центарот на Буенос Аирес беше зафатен од сериозни нереди по завршувањето на финалето на Светското првенство, во кое Аргентина беше поразена од Шпанија со 1:0.

Голем број граѓани и навивачи се собраа во близина на познатиот Обелиск, но ситуацијата набрзо ескалирала во судири со полицијата.

Според снимките и извештаите од местото на настанот, сообраќајот околу Плоштадот на Републиката и Авенијата „9 Јули“ бил целосно блокиран. Улиците останале покриени со камења, скршено стакло, запалени контејнери и големи количества отпад.

— реклама —

Групи изгредници фрлале тврди предмети и пиротехнички средства кон полициските кордони, по што полицијата интервенирала со солзавец, шок-бомби, водени топови и единици на мотоцикли.

— реклама —

По неколкучасовни судири, безбедносните сили успеале да ги потиснат најагресивните групи и делумно да ги расчистат блокираните раскрсници.

Во поширокото подрачје околу Обелискот е причинета значителна материјална штета на градската инфраструктура, сообраќајната сигнализација и околните објекти.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања