Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ВИДЕО: Состојбата во Тирана ескалираше, демонстрантите фрлаа бомби и петарди врз Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
Albania_Protest_79913-777x437

Состојбата на четвртиот голем протест на албанската обединета опозиција во Тирана ескалираше со фрлање молотови коктели врз зградата на Владата.

— реклама —

Молотовите коктели главно завршуваа врз влезот на Владата, и нема обиди за пробивање на полицискиот кордон, фрлање димни бомби, петарди, како и црна боја врз владината зграда.

— реклама —

Лидерот на опозицијата, Лулзим Баша, го повика премиерот Рама да поднесе оставка и да го отвори патот за формирање на преодна влада која би организирала слободни и фер избори. Тој го обвини Рама за криминал и корупција, дека ја  киднапирал Албанија и го блокирал патот кон Европската унија.

Говорот на Баша беше прекинат од солзавец испукан по обидот на дел од демонстрантите да се доближат до вратите на зградата. Баша ги повика демонстрантите да се воздржат од судири со полицијата.

— реклама —

Илјадници приврзаници на опозицијата, како и незадоволни граѓани од сите делови на земјата, се собраа пред Владата во Тирана, каде се обрати лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.

Истовремено, полицијата преку мегафон повика на воздржаност.

Протестот кој почна во 18,30 часот опозицијата бара да продолжи до полноќ, но според полицијата нема дозвола за тоа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања