Промени тема
Контакт
Група Везилка Во коси да ти спијам, Компис : Grupa Vezilka Vo kosi da ti spijam, Afrika
Група Везилка Во коси да ти спијам, Компис : Grupa Vezilka Vo kosi da ti spijam, Afrika

(Видео) Sов со „Цепај сине“ го испрати син му во Торонто, па ги собра легендите и претседателот: Или ќе „цепате“ или (нема да) живеете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
cepaj-sine

Два збора беа доволни за да вчеравечер, во еден скопски локал, немаше место каде игла да се фрли. „Цепај сине“. Домаќинот Зоран Спасов-Sов испрати куп пораки, како: „Сите патишта водат од Македонија“, но и „Иднината е у вашите ноги“, „По националност сум сиромав“, „Кога ќе пораснам сакам да бидам дијаспора“. На промоцијата куп обични, но и необични луѓе. Меѓу шанкерските маси, застанат беше и претседателот на државата, Стево Пендаровски. Си ја купи книгата, за која Sов ќе каже дека е толковен заебантски речник во манирот на претходната книга која ја издаде, со наслов „Џабе живиш во Скопје“.

Меѓу масите се коментираше „Цепај сине“. Повозрасната генерација евоцираше спомени. Легендарниот Драган Мијалковски тоа го направи јавно, на сцена. Прво ги падна во транс сите присутни со безвременските „223-305“, „Кажи нешто драга“... Потоа, се врати во минатиот век и рече: „По земјотресот, во близина на Идадија, на 13 години, со моите другари од „Кочо Рацин“ ги свиревме Битлси, а свиревме и прва игранка во мојот живот на сестрите од средното медицинско училиште. Мојата кариера почна тука, во ова маало живеев, неколку куќи подолу“.

Авторот, но и обединувач на генерациите, Зоран Спасов-Sов, во новата книга која е на патот да биде и најпродавана, објаснува многу поими. Кога првично ќе се прочитаат ќе речете „баш е ироничен“, а кога ќе се замислите ќе додадете и „реален“. Па така, многумина, да не кажеме сите, ќе се согласиме со толкувањето за - Македонија.

„Држава у која стан уште у темели се плаќа у ќеш, а фејк патики се купуат на дванаес рати“, толкува Sов.

Полегендарно е толкувањето на помиот „македонска влада“ за кој ќе напише: „е циркус, со таа разлика што у циркусот животните се интелитентни“.

— реклама —

Една книга, комај две иљади – привазиѓени, разноразни, подзабораени, страобални, велелепни, ненадмашени, импозантни, неповторливи, вицкасти, монументални, шегобилни... чу’ства, осеќаи, сенсои и филинзи.

„Овие два збора, своевремено, му ги имам закажано на мојот син Филип кога констатираше: ‘Тати, овде ко да е нешто труло у државава’. Денес среќно живее у Торонто, а при заминување од тука успеа да понесе само два големи куфера, мало ранче, усебе со сите спомени и духот што провејува низ странициве што следат“, пишува Sов уште на стартот од книгата.

— реклама —

Не е првпат Sов од промоција да направи скопска журка. И овојпат собра купишта народ. Од актери, до скопски легенди, некои беа и од „високото добро утро“, кои останаа до касните часови да се журкаат.

На оваа книга ѝ претходат уште пет хит-книги: „Џабе живиш у Скопје“, „Торонто експрес“, „Тито, мојот претпоследен херој“, „Некогаш, некаде“ и „Тибам штркот“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања