„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Спасовски ги посети кандидатите за припадници на Единицата за специјални задачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG-2a5c2b22723308d326192f4ae7d52bde-V-01

Министерот Оливер Спасовски и дел од  раководството на МВР денеска го посетија ЗРЦ „Пониква“- Кочани,  каде што полициските службеници  што беа селектирани и во моментов ја реализираат селективната обука за прием во  Единицата за специјални задачи ги презентираа стекнатите професионални знаења.

— реклама —

JpStWCyjxx8
— реклама —

„Ми претставува особено задоволство што денеска со дел од моите соработници сме меѓу вас, да ви честитам за успешното  спроведување на селективната  обука и да ви посакам многу успех во новите предизвици што професионално се поставуваат пред вас како припадници на оваа наша респектабилна полициска единица - Единицата за специјални задачи. Да се биде припадник на ваква елитна единица не е едноставна работа, овие луѓе се најдобри меѓу најдобрите.  Зад нив стојат поминати месеци и години напорен тренинг, исклучителна ментална и физичка подготовка  и искуство од многубројни извршени сложени безбедносни задачи“, рече министерот Спасовски во своето обраќање.

Во секој момент припадниците на ЕСЗ, потенцира министерот Спасовски,  стојат подготвени за најтешките и најопасни полициски задачи.

„Тимската работа и професионалноста се  главни одлики на Специјалната единица,  затоа со право може да се гордееме со припадниците на оваа елитна единица на Министерството за внатрешни работи.  Јас и моите соработници, свесни за важноста и улогата на припадниците на оваа единица , правиме се во рамки на законските и финансиски можности да ви овозможиме што е можно поквалитетни услови за работа. На вас, останува - своето знаење, вештини, професионална етичност и интегритет да ги вложите во името на законите - со цел заедно да изградиме полиција со која што ќе се гордеат граѓаните. Уште еднаш ви честитам и ви посакувам успех“, рече Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања