„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Спасовски најави сериозни акции во борбата со криминалот и корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
DSC_0075

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција говореше за реформите во МВР, но и за санкциите кои ќе ги добијат полицајците кои ќе ги злоупотребат работните места.

— реклама —

„Република  Северна Македонија доби нова, мала, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да работи и да сработи посветено, во интерес на граѓаните и државата. Со изборот на Владата го комплетираме системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет кои ефикасно ќе работат во надминување на последиците и предизвиците од коронавирусот. Оваа криза за нас е дополнителен мотив да работиме двојно повеќе и да ја водиме државата кон излез од кризата со што помалку последици.. Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Законите се донесени, сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Владата ќе биде партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и граѓанското општество, медиумите и групите од интерес кои сакаат да придонесат кон градење на систем на правдата кој ќе им служи на граѓаните.Процесот на евроинтеграција продолжува уште позасилено. Владата, институциите, се подготвени за старт на преговорите со ЕУ и отворање на првите поглавја. Следува период на трансформација и европеизација на нашата татковина. Ова е период кога сечив придонес е важен, очекуван, потребен и суштински“, рече Спасовски.

Како Влада, потенцира Спасовски, се обврзавме на изградба на способна држава со силни институции кои ќе гарантираат ред и владеење на законите.

— реклама —

„Направивме реформи во безбедносниот сектор, за кои добивме признание и од нашите меѓународни партнери, и продолжуваме во иста насока: полицијата- заштитник и партнер на граѓаните. На сите граѓани, без разлика на нивната етничка и партиска припадност, пол, род, сексуална ориентација, припадност на маргинализирана група, јазик, социјално потекло, образование, религија, политичко уверување, попреченост, имотен статус, општествен статус.Продолжуваме со имплементација на стратегиите што ги подготвивме во изминатиот период и што треба да придонесат за поефикасна работа на полицијата. Се разбира, добрите резултати на полицијата доаѓаат со работата на мотивирани полициски службеници, на кои постојано им ги подобрувавме условите за работа и стандардот, а тоа ќе го правиме уште поинтензивно во наредниот период. Продолжуваме со реновирањето на полициските станици, но и со изградба на нови објекти, набавка на нови униформи... Во напредна фаза е изградбата на зградата на крим техника, со современа форензичка лабараторија,со што ќе се влијае на брзината на постапките. Граѓаните со право очекуваат, современи методи на постапување на полицијата, адекватни на оние во развиените земји“, рече Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања