„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Спасовски од Кочани: Да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост и смирено и со љубов да си посакаме добро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
19012020_PVRSM_Spasovski_Bogojavlenie_Kocani2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Кочани, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

— реклама —

Поздравувајќи ги присутните граѓани премиерот Спасовски упати честититки до православните верници во земјата, до Светиот Архиерејски синод, и до неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан, како и до свештенството и монаштвото во Република Северна Македонија.

„Денеска е денот, кога сите ние треба да се очистиме од гревовите и кога водите во нашата земја се преобразуваат во Свети води и на тој начин потсетуваат на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан“, истакна премиерот Спасовски.

— реклама —

Во своето обраќање, премиерот Спасовски оцени дека денешниот празник е ден на љубовта, слогата, заедништвото и потсетува дека сите ние треба да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост, смирено и со љубов да си посакаме добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план.

„Затоа секој од нас, денеска треба да ја прими оваа порака дека заедно можеме да направиме многу повеќе и само со слога и со единство можеме да ги оствариме сите наши заеднички цели за развој и за напредок на нашата држава. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици!’’, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, во изјавата за медиумите при денешното одбележување на празникот Богојавление - Водици во Кочани.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, на Горан Зашов, момчето што го фати крстот во Кочанска река, му подари копија од артефакт од вториот век од археолошкиот локалитет Требениште.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања