(ВИДЕО) Спасовски: Се набавуваат нови пловни објекти за езерската полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_1129

„При денешната работна посета на Полициските станици - за граничен надзор Охридско езеро и за гранични работи Свети Наум, со колегите од охридската сообраќајна полиција, како и средбата со градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, разговаравме за состојбите и активностите во тие организациони единици при МВР, како и за степенот и квалитетот на соработката и комуникацијата меѓу полицијата и граѓаните во оваа локална средина“, рече министерот Оливер Спасовски по завршувањето на работната посета на Охрид и Вевчани.

— реклама —

— реклама —

„Свесни за важноста и улогата на припадниците на полицијата , ние како раководство правиме се во рамки на законските и финансиски можности да овозможиме што е можно поквалитетни услови за работа. Со задоволство  можам да ве известам дека, со цел подобрување и модернизирање на пловниот парк на езерската полиција, во тек е оглас за набавка на пет пловни објекти, набавка во вредност од над десет милиони денари, во која три од пловните објекти ќе бидат набавени со средства од договор за донација, додека два пловни објекти ќе бидат набавени од средства обезбедени од МВР“, рече министерот Спасовски.

— реклама —

Конечно, рече Спасовски, ова е една од најубавите и најрепрезентативни туристички дестинации, а полициските служби обезбедуваат мирна и спокојна  сигурносна состојба за сите луѓе - наши или странски државјани, сеедно.

„Со градоначалникот на Вевчани зборувавме за соработката на полицијата со локалните власти, за можностите за нејзино унапредување, особено низ многу превентивни форми на активности што ни стојат на располагање“, рече Спасовски.

bywFd0pjgCI

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања