Јужната граница се мониторира и од птичја перспектива, со помош на термална камера. Опремата е стационирана во караулата Богородица, која има стратегиска позиција во областа. Техничките можности на камерата овозможуваат да се регистрира секое движење и на неколку километри во длабочина или во широчина и да се открие обид за нелегално преминување на границата, објави 360степени.мк.
Обидите за нелегален влез во Македонија најчесто се случуваат навечер. Мигрантите се ориентираат по реката Вардар и железничката пруга. Товарните возови што пристигнуваат од Грција се проверуваат темелно. По дојава, полицијата изминатиов период фаќа групи мигранти и по околните села. Контролата на јужната граница првенствено е одговорност на граничната полиција.
Текстот во целост на: објави 360степени.мк.