„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Средба на претседателот Пендаровски со германскиот претседател Штајнмајер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-7-2

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија, денеска во Берлин оствари средба со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

— реклама —

На средбата двајцата претседатели разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, состојбите во регионот, како и за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО. Двајцата претседатели оценија дека двете држави имаат одлични билатерални односи, како на политички план, така и во повеќе други сфери од заеднички интерес, како што се одбраната и безбедноста, економијата и образованието. Во изминатата година, нагласи претседателот Пендаровски, двете држави остварија трговска размена од 4.3 милијарди долари, а во 2019 година тој износ веќе надминува 1 милијарда долари, со што Германија е на врвот на листата на трговски партнери на Северна Македонија.

— реклама —

Претседателот Штајнмајер ја потврди цврстата поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и во НАТО.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за постојаната поддршка и изрази очекување дека Република Северна Македонија наскоро ќе ги отпочне пристапните преговори за членство во Европската унија, и дека во најскоро време ќе биде завршена ратификацијата на Протоколот за пристапување од страна на земјите членки на НАТО, со што Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на алијансата. Во тој контекст, претседателот Пендаровски изрази задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на германскиот Бундестаг.

Претседателот Пендаровски оцени дека денешната средба и реализацијата на посетата на Германија е можност за обновување и интензивирање на дијалогот на ниво на претседатели, а во функција на натамошно зајакнување на партнерството меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија.

Hg_Pm-npdZ4

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања