Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка по вчерашните протести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-01-28-at-20.30.02

Српскиот премиер Милош Вучевиќ се очекува наскоро да одржи вонредна прес-конференција во врска со синоќешниот напад врз студентите во Нови Сад.

— реклама —

„Донесов одлука да поднесам оставка од функцијата претседател на Владата на Република Србија. Утрово имав состанок со претседателот на Републиката и ја прифати мојата одлука“, рече Вучевиќ и додаде:

— реклама —

„Кога на крајот на април минатата година го добив мандатот од претседателот за формирање влада, секако имав силно чувство на гордост, но пред се се обидов да ја разберам одговорноста што ја повлекува оваа работа и оваа функција. Свесни дека има бројни предизвици за Србија и регионот, комплицирана ситуација. Но, се гледав и како дел од политиката на континуитет од првата влада на А.Вучиќ, дека продолжуваме по истите патишта. Горд сум на се што направивме како влада заедно со претседателот во последните 9 месеци. Мислам дека постигнавме значителни резултати во економијата... Се движиме во добра насока. Она што фрли голема сенка врз мандатот на оваа Влада е трагичниот настан во Нови Сад. Голема трагедија, загуба на животи, тешки повреди... Од тој момент Србија како да е заглавена во таа несреќа. За жал, уште еднаш видовме политички злоупотреби на оваа трагедија и обид на некој политички да капитализира од катастрофата и загубата на човечки животи. Двајца министри поднесоа оставки. Се отвори истрага, се покажа дека нема привилегирани лица, дека ништо не се крие... На барање на студентите се обидовме да ги објавиме сите документи кои треба да бидат јавно достапни“.

Тој рече дека одлуката ја донел за да се почне со смирување на тензиите.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1r7mvc2p3au07CvDw3l

Новиот претседател на српскиот парламент Чупиќ нема да оди во Брисел на самитот ЕУ – Западен Балкан

Балкан | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryb2dmisgrus15c6MocoO

Ги кршеле прозорците за да ги спасат заробените возачи: Храбар потег на двајца полицајци во Белград

Свет | пред 2 дена

media-library0kksmju1cupu42X2CeA

(Видео) Хаос во српското Собрание: Вучиќ доби опомена, Брнабиќ му се нафрли на претседателот

Настани | пред 2 дена

media-libraryl6ntqa18h8lu1EKSHMn

(Видео) Судот во Србија ја запре постапката против девет студенти кои беа уапсени по ланскиот протест, обвинителството се откажа поради недостиг на докази

Настани | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања