(ВИДЕО) Срушени силосите од бетонската база на Усеини, акцијата продолжува утре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nefi-1

Денеска се руши бетонската база која без никаква документација и спротивно на законот, советникот на Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ ја изгради на петстотини метри од брегот на  Охридското Езеро.

— реклама —

Денеска се срушени силосите од базата, а акцијата продолжува утре и ќе трае се до комплетно расчистување на просторот.

— реклама —

Советникот Нефи Усеини преку писмо се обрати до медиумите во кое меѓу другото тврди дека немал намера ниту помисла да работи на штета на Охрид, туку напротив и бара властите да изнјадат соодветен простор во регионот за поставување на базите.

— реклама —

„На градоначалникот Константин Георгиевски и останатите надлежни институции треба да им биде јасно дека крајбрежјето и голем дел од заштитните зони на овој регион долги години бесправно се злоупотребуваат од страна на стотици фирми и поединци! Затоа упатувам порака до сите надлежни да не постапуваат селективно во овој процес и конечно сите без исклучок да ги почитуваат законите.“ - пишува Усени во писмото.

Инаку базата Усени ја направи во јуни минатата година, а за неа, нема ниту еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина, па така, објектот е еден од оние кои го загрозува статусот УНЕСКО на Охрид.

Парцелата на која е изградена базата е во сопственост на Исламската верска заедница, која ја добила преку процесот за денационализација во периодот од 2013 до 2014 година.

Усеини успеа, но непознато на кој начин, да спроведе и струја до бетонската база, иако таа е нелегална и спротивна на законите. Општина Охрид, претходно немаше доволно средства за да ангажира работници и градежни машини за да ја урне базата, што беше оправдување оваа акција да се одложува до сега.

Базата за производство на бетон се наоѓа на стариот пат Охрид – Струга.

Акцијата продолжува утре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања