Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Стаорци се шетаат во Кисела Вода во близина на детско игралиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Скопје
media-libraryvbipvai6nf0c6MiYz0G

Нова снимка објавена на социјалните мрежи повторно ја актуелизира појавата на стаорци во Кисела Вода. На видеото се гледаат неколку глодари во непосредна близина на детско игралиште.

— реклама —

Снимката била објавена во групата „Кисела Вода – Пријави Проблем“. По објавата, жителите реагирале и побарале од надлежните да преземат мерки.

Граѓаните бараат да се провери состојбата на локацијата и да се преземат соодветни активности за справување со глодарите, особено поради близината на игралиштето што го користат најмладите.

— реклама —

Во изминатите денови биле пријавувани стаорци и на други места во општината, меѓу кои и во Драчево.

— реклама —

Засега нема податоци од надлежните институции за тоа колку е распространета појавата, ниту дали на местата каде што се пријавени глодари е извршена или ќе биде спроведена дератизација.

Новата пријава повторно го отвора прашањето за одржувањето на јавните површини и условите во просторот околу детските игралишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye596tspq6s2p4vmvQaa

Пановски предупредува: Ако не се исчисти ѓубрето, Скопје го чека наезда од 10.000 стаорци

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања