Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Стар кабел е можната причина за пожарот во Универзална, вели изведувачот; Почнало со дим, пожарот одма се проширил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Screenshot-2024-04-09-at-11.33.58

Стар кабел или инсталација е можната причина за пожарот во Универзална сала, вели Лазар Арсовски, претставник на фирмата „Универзал балкан“ која е изведувач на салата. Тој посочи дека почнал дим, мајсторите пробале со противпожарен апарат да го изгаснат, а со оглед дека се иверици кои се суви - брзо горат. Во моментот на пожарот, во салата, немало работници.

— реклама —

— реклама —

„Многу писма до инвеститорите, многу молби, како да знаевме дека ќе се случи ова. Салата е изградена во 1963 година, имала рок од 20 години, постоела не знам колку - имаме среќа што целата инфраструктура од столчиња, сценска технологија е извадена надвор. Сега гореше старата конструкција, иверици, плочки, ѕидови.. Во глобала, моите инженери, немавме никаква работа на објектот. Беше само еден инженер, вон салата и двајца чувари. Немаше никакви интервенции“, рече Лазар Арсовски.

— реклама —

Тој рече дека за половина час, сам се изгаснал пожарот, оти немало што да гори.

„Да се надеваме дека новата конструкција нема проблеми. Слух до инвеститорите, без разлика кои се - оваа сала да се направи што побрзо. Се измачивме да го изведеме ова се. Се молиме новата конструкција да не претрпи големи промени“, додаде тој.

— реклама —

На прашање, дали има сомнеж за човечки фактор дека го предизвикал пожарот, тој рече: „Не можам да кажам, инженерите не виделе ништо. Имало ситни проблеми во овие три години - искра итн. Не можам ни да претпоставам“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања