Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Штерјова: „Цените растат –граѓаните плаќаат, Мицкоски повторно доцни со половични мерки“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryeq68as1fvbcs9k1H5Fi

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Кети Штерјова, обвини дека граѓаните се соочуваат со нов бран поскапувања, додека Владата, според партијата, повторно реагира со задоцнети и недоволни мерки за ублажување на последиците.

— реклама —

Штерјова изјави дека новото поскапување на горивата ќе предизвика дополнителен раст на цените на храната, превозот и другите производи, што, како што рече, претставува нов удар врз семејните буџети.

— реклама —

Од СДСМ оценуваат дека најавеното намалување на акцизата е половично решение кое нема значително да го намали ценовниот притисок врз граѓаните. Според партијата, Владата досега не презела мерки за заштита на животниот стандард, ниту за поддршка на работниците и социјално ранливите категории.

Партијата тврди дека владините мерки доаѓаат предоцна и немаат ефект врз намалувањето на цените, додавајќи дека наместо да им помогнат на граѓаните, носат корист за одредени компании.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат и дека Владата ги отфрлила нивните предлози за ограничување на поскапувањата на основните животни намирници и за поголема поддршка на најранливите категории граѓани.

Според партијата, поради растот на цените на горивата и храната, животниот стандард е дополнително нарушен, а граѓаните очекуваат конкретни и навремени мерки за заштита на нивните приходи и семејните буџети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, Обвинителството веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 16 часа

media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 1 ден

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања