Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Штерјова: Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library21cul8md7foc2oru7gS

Портпаролката на СДСМ, Богданка Штерјова, преку видео обраќање оцени дека сè поголем број млади ја напуштаат Македонија поради недостиг на перспективи, можности за вработување и сигурна иднина.

— реклама —

Според Штерјова, младите не сакаат да останат во држава во која, како што наведе, нема услови за личен и професионален развој. Таа упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски и новинарот Драган Павловиќ Латас, обвинувајќи ги дека промовираат политики кои, според неа, ја оддалечуваат Македонија од европскиот пат.

— реклама —

Во своето обраќање, Штерјова тврди дека Латас со години ужива привилегии, додека, како што наведе, неговото семејство има обезбедена иднина во Европа. Таа истовремено ја обвини Владата дека ги штити луѓето блиски до неа и дека не обезбедува еднаква правда за сите граѓани.

Штерјова посочи дека граѓаните се соочуваат со економски тешкотии, ниски примања и неизвесност, додека, според неа, институциите не успеваат да ги решат клучните проблеми со кои се соочуваат работниците, земјоделците и другите категории граѓани.

— реклама —

Таа оцени дека младите сè почесто својата иднина ја гледаат надвор од државата, бидејќи не веруваат дека можат да изградат стабилен живот во Македонија.

На крајот од обраќањето, Штерјова порача дека СДСМ верува оти граѓаните ќе донесат промени и дека, како што рече, Македонија повторно ќе се насочи кон европските вредности, владеењето на правото и подобри услови за живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, Обвинителството веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 16 часа

media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 1 ден

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања