Промени тема
Контакт

(Видео) Стигнуваат новите амбулантни возила пред „Борис Трајковски“, кои се предизборно ветување на Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library7dp1m0f9f1915atx7Nw

Нови амбулантни возила се носат на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што е најавена промоција на владиниот проект за набавка на вкупно 100 возила за итна медицинска помош.

— реклама —

Според информациите, со проектот е предвидено 80 возила да бидат распределени во јавните здравствени установи низ Македонија, додека 20 да бидат наменети за Скопје.

— реклама —
— реклама —

Од Владата соопштија дека на промоцијата на проектот на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски.

Набавката е поврзана со едно од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, содржано во „Платформа 1198“. Во делот за целосно опремување на Итната медицинска помош, партијата се обврза во текот на мандатот да обезбеди најмалку 100 нови возила, соодветен медицински персонал и проширување на мрежата на пунктови за итна медицинска помош во Скопје и во регионалните центри низ државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања