„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Си донеле душеци и влечки во Министерство, по масите цигари со пластични чаши за отпад: Избркани лица од ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Настани
media-libraryg1ecsmf3o1an2Z7peXD

Вицепремиерот во Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ објави видео во кое се гледа во каква состојба е претворена канцеларија во Министерството за односи меѓу заедниците.

— реклама —

„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, напиша тој.

Оваа објава на Стоилковиќ следи откако денеска опозициската ДИИ обвини за дискриминација во Министерството за односи меѓу заедниците, бидејќи вчера од оваа институција се отпуштени седуммина Албанци.

— реклама —

„Во услови кога на вработените им се одземаат најосновните елементи за работа, како функционални канцеларии, столчиња, техничка опрема и конкретни задачи, секоја таква мерка е административна фарса и доказ за однапред смислена дискриминаторска намера“,се вели во соопштението од ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања