Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Стоилковски: Ако Ковачевски лаже и се крие за промена на име на улица, што можеби сокрива од ветувањата кон Софија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

— реклама —

„Цел ден мина, а Димитар Ковачевски никаде го нема да одговори дали денес се срами што пред две години на Влада гласал за промена на име на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

[embed]

ApK8eWcsfkI[/embed]

„Ковачевски во налет на сокривање на вистината, не само што не одговара денеска, туку и го осуди преименувањето на „Втора македонска бригада“, за што и сам гласал пред само две години!Легитимни се прашањата дали Ковачевски е до толку неспособен што има куса меморија за своите дела, или е упорен во неуспешни лажења?

Имајќи го ова предвид, логични се и прашањата: ако Ковачевски лаже за промена на име на улица, гласал за тоа, а денес глуми револтиран, тогаш што се може да се очекува да исплива од неговите преговори, договори и прифаќања од бугарските диктати во европската рамка, во насока на можни блокади на европската иднина, и неговите денешни убедувања за уставните измени како финален чин?“, вели Стоилковски

„Ако Ковачевски лаже и се крие за промена на име на улица, што можеби сокрива од ветувањата кон Софија?

Срамно, жално и недостоинствено е однесувањето на Димитар Ковачевски, но и на СДС, нивната понизност и измеќарство ја втурнаа Македонија во криминал, корупција, и ги ставија македонската посебност, историја и вековен јазик пред големодржавните апетити на соседите. Само избори и одговорност се спасот“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања