„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Стоилковски: Има ли пилот во државата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Денеска прашуваме „Има ли пилот во државата“ со потпрашање за македонската навигацијата за непотизам односно- Македонската Неофицијална Агенција за Вработување М-НАВ.

— реклама —

Само во оваа 2018 година македонската навигација се поднови со 24 нови партиски искусни кадри, меѓу кои има и искусни имиња како роднината на министерот за земјоделство или пак партнерот на Заев, Стојанче Ангелов. Состојбата во М-НАВ е толку алармантна и очигледна што комисиите за вработување дојавувале во медиумите за притисоците кои што морале и да се оправдуваат зошто не се примени лица кои што не исполнувале услови, па потоа на повторни огласи истите лица да морале да добијат вработување“, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
Ct2irM6N5Is

Според него на листата на нововработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци во М-НАВ, каде што платите се неколкукратно повисоки од просечната, се и син на директор на социјалните фондови, сестра на вицепремиер, внуци на директор на телекомуникациски оператор и на партиски-коалициски партнер, син на пратеничка итн.

„М-НАВ веднаш да ги соопшти имињата на новите вработени од оваа година и да ги каже критериумите според кои тие се примени. Дали освен нив имало други пријавени на конкурсите кои немале квалификации како избраните? Воедно ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага по наводите за непотизам и можната корупција при овие вработувања во М-НАВ.

Дури и министерот за земјоделство си призна дека негов роднина е вработен таму. Но и за него, како и за мајката на Костадин Костадинов, или пак за сестрата на Кирацовски, или за редица други од партискиот клан велат дека не станува збор за непотизам туку за неопходни кадри!

А во М-НАВ се насобрал толку неопходен партиски кадар што и новата сопствена зграда не ги собирала па ќе се селеле под кирија, на локација добро позната на директорот!

Ете тоа се европските вредности на СДСМ, тоа е тој пат, навигација кон ЕУ и НАТО, тоа е борба со непотизмот, партизацијата, обемноста на администрацијата и кои ли се празни флоскули и ветувања ги даваа истите овие напикани во криминогената власт кои што сега не се ни кријат ниту имаат потреба да понесат одговорност за девастацијата на Република Македонија.

М-НАВ ги отсликува црнилата во кои што СДСМ ја втурна државата.       М-НАВ може да се препознае во секоја владина агенција, министерство, локална самоуправа. Со ваква Навигација по која сега се движи државата, таа не може да заврши поинаку освен во се подлабока дупка“, вели Стоилковски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања