„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Стоилковски: Има засилени отворени закани против членови на ВМРО-ДПМНЕ, кон актуелни и поранешни функционери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Naum-24-02-2019

Се уште нема никаква реакција од власта по обидот за линч врз поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Се уште нема ништо од истрагата, нема ништо од Управата за извршување санкции, нема ништо од Министерството за правда, нема ништо од Зоран Заев, вели Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Но затоа има засилени отворени закани против членови на ВМРО-ДПМНЕ, се јавија сите таканаречените команданти, терористи од Диво Насеље, закани кон актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Зоран Заев и Министерката Рената Треневска Десковска мислат дека добро се затскриле и го забошотиле случајот, нарекувајќи го инцидент и со оставка на директорот на затворот Скопје, терористи и криминалци земаат сила да одработат за целите на хунтата во предизборието!

— реклама —

Почитувани,

Фингираната оставка од директорот на затворот Скопје, е обид на Заев да ги сокрие вистинските намери. Директорот дал оставка ама ги подготвува извештајот. Ниту Управата за санкции ниту министерството за правда ги изнесе фактите и доказите како се случиле два внимание ДВА обиди за линч во кратко време, за убиство на поранешни министри, ниту пак ќе ги прикаже видео материјалите од безбедносните камери!

Срамно се кријат фактите и се долева масло на ова со тоа што се наведува дека ова бил инцидент предизвикан од „вербални навреди“ од Ристовски и Јанакиески! Срамота! Нема ниту збор за одговорност за тоа дека во два одвоени случаи во период од два часа се претепани членови на опозицијата.

Почитувани

Обидот за линч не е „инцидент“, туку добро организиран напад! И истата група извршители без никакви стеги и натаму се закануваат по членови на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе биле тепани и убиени! Власта молчи, одговорните молчат, уште и долеваат масло на огнот со нивното нереагирање. Тоа остава простор за и натаму оваа терористичка група и нивните поддржувачи да упатуваат, но и да преземаат акции против ВМРО-ДПМНЕ.

Легитимно е прашањето, дали молкот на Заев и на Десковска и на владата во целина намерно поттикнува линч и поттикнува мисла, идеја кај терористичката група дека на овој начин ќе се здобијат со милост и слобода од тероризмот? Дали ова е дел од трговијата по посетата на Диво Насеље ден по трагичната акција во кој што загинаа 8 припадници на македонските безбедносни сили?

Почитувани,

Состојбата е пресериозна, полицијата и обвинителството МОРА да преземат сериозни истраги. Судот мора да излезе од овој опасен круг. Во прашање се животи на луѓе, животи на функционери, членови на опозицијата. Судиите мора трезвено да погледнат кон целата слика и да ги преиначат одлуките за притвор на веќе притворените Ристовски, Атанасовски, Делев но и сите други политички неистомисленици кои што се жртви на овој политички прогонот од оваа хунта на власт.

Судот мора ова да го има предвид и за идните барања за притвор за членовите на опозицијата, а жртви на политичкиот прогон, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

GEmH4HMnKlE

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања