Република Македонија ги преживува најтешките моменти од својата самостојност кои ќе бидат врежани во идните моменти од борбата за државност, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Македонска судбина е таква, се повторува, како што сега на мрачен, шверцерски и мафијашки начин се обидуваат да го избришат, искорнат македонскиот народ, историјата, културата, државата“, изјави Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, додава дека Македонија никогаш нема да биде уништена, Македонија е создадена врз крв и дела за почит, која што денешната власт ја нема, вели тој.