Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Стоилковски: Милионерот Љушев, другар на Ковачевски од СДС, ја вработил сопругата како директор на сектор, во нормална држава би поднел оставка за непотизам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


„Се што е поврзано со СДС не е далеку од непотизам, корупција и од криминал. И секако, сето тоа поврзано со немање чувство за морална одговорност. Во зградата на Македонски Телеком, компанија во која голем удел има и државата, седи човек Никола Љушев којшто е близок другар на Димитар Ковачевски и којшто зема месечна плата од 11.500 евра“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.


[embed]

— реклама —


„Како што не е тајна блискоста на сега милионерот Љушев со Ковачевски, не е тајна и скандалот со вработувањето и ѕвездената кариера на неговата сопруга во истата компанија. Милионерот Љушев веројатно во економска криза малку му се 11.500 евра месечно па ја вработува сопругата како секторски директор во Телеком.

— реклама —

Во секоја голема, нормална европска фирма, особено каде што државата има удел, и каде што се вреднуваат европските норми и би се избегнувале корупциските и непотистички зафати, ова би било скандал со огромни размери коишто би довеле до оставки и повлекување од морални причини.


Секако ако вакви зафати прави првиот човек на компанијата, генералниот директор, тоа станува воспоставена практика во компанијата, па вакви случаи во македоснкиот Телеком има во серија.

— реклама —

Но како што нагласив на почеток, се што се доведува во врска со Ковачевски и со СДС, не е далеку од корупција, неказнивост, неетичност и секако во верба во неказнивоста!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања