„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Стоилковски: Наместо избор на кандидат за Претседател, Груби и Зечевиќ прават избор на кандидат за лепење на пропаднатата владина коалиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Naum-IZJAVA-2002-Glavna-Slika

Трагично е што државата е управувана од група на луѓе коишто се уште за себе мислат дека се државотворци. Трагично е што за себе мислат дека се влада и дека Зоран Заев владее во име на граѓаните, изјави Наум Стоилковски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

NQvfhydIuS0
— реклама —

„На понудата од Заев и од СДСМ за поддршка на изборите за иден претседател на државата пристигнала само една понуда, една кандидатура. Замислете само една кандидатура за поддршка од Заев и од СДС за следните претседателски избори.

Само еден човек, амбасадор, со сета чесност, поверувал во лагите испорачани од овој антидржавен центар зад мене.

И сега и него ќе го извисат, ќе му стават петно, тој ќе извиси заради заевизмот. Ќе мора да извиси, како што ќе извисат и членството, и симпатизерите и неколкумина чесни во партиските тела на СДС.

Наместо избор на кандидат за Претседател на државата, Артан Груби и Миле Зечевиќ прават избор на кандидат за лепење на пропаднатата владина коалиција.

Прават избор за спас на Заевизмот!

Бараат и веројатно ќе изнајдат некој поддржувач на заевизмот, ќе го поттурат како кандидат, но не за Претседател на Република Македонија, туку за заштитник на заевизмот, заштитник на криминални тендери, заштитник на антидржавни и противуставни закони. Заштитник на пропаднатата владина коалиција“, вели Стоилковски.

Тој додава дека Заевистите знаат, пропаднатиот оглас покажува, тоа што сега го прават докажува- демократија со Заев не постои!

„Граѓаните, интелектуалците бегаат од СДС, се тргаат од штетните политики на власта, не сакаат да бидат нивен дел, дел од урнисувањето на државата.

Едноставно е – зад себе не сакаат луѓе без образ, без збор, без срам, без чест!

Залудно Заев и Заевистите бегаат од избори!

Тие повеќе не претставуваат никого подалеку од својата криминогена, непотистичка, антидржавна, тендер- коалиција! Тие се веќе поразени и го знаат тоа.

Овие избори се избори за Македонија, овие избори се избори за честитост и за чесност.

Гордана Силјановска Давкова е следниот претседател, а честита Македонија е победник“, изјави Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања