Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(ВИДЕО) Стоилковски: Поднесени се кривични, за изборен поткуп и повик за поткуп среде референдумска кампања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Stoilkovski-1

СДСМ подготвува изборен грабеж на претстојните избори. Отворено се сомневаме дека Зоран Заев и криминалниот картел повторно имаат намера да ја изиграат народната волја со истите методи кои ги применија и на последниот изборен процес, односно на референдумот, изјави Наум Соилковски на денешната прес-конференција.

— реклама —

„Отворено се сомневаме дека ќе има повици за поткуп на гласачи, групно гласање и полнење на кутиите, што резултираше со уривање на гинисови рекорди кога одреден период од денот на одредени избирачки места се гласаше на секои четири секунди.

— реклама —

Отворено се сомневаме дека институциите кои се политички притиснати, уценети и нагазени од криминалниот картел, ќе му помогнат на Заев и ќе замижат пред криминалите.

И има основа за таков сомнеж, и има материјални докази за таков сомнеж. Тоа е содржината на поднесените кривични пријави до Јавното Обвинителство на Република Македонија, токму за нарушен изборен процес. Поднесени се кривични пријави против над 200 членови на избирачки одбори, за брзи прсти и гласање за 4, 5, 9, 12, 14 секунди, во зависност од избирачко место“, вели Стоилковски.

Исто така тој додава дека се поднесени и кривични, за изборен поткуп и повик за поткуп среде референдумска кампања, и цела низа други кривични пријави за кои нема никаков глас дека се процесуираат во јавното Обвинителство.

И поинаку не може да биде, не може да се нема сомнеж дека се подготвува истото. Во вакви услови не може да се одржат фер и демократски кредибилни избори. Поинаку и не може да се протолкува молкот од страна на јавниот обвинител кој со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави поднесени од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Повторно го прашуваме Републичкиот Јавен Обвинител, Љубомир Јовески кого крие и кого штити и зошто не постапува во врска со изборниот грабеж?

Дали причина за молкот е непријатната содржина на нелегално снимените разговори помеѓу обвинителите кои се под негова команда? Зошто и оваа истрага тапка во место и никој не знае кои обвинители се снимани и што се содржат нивните разговори? Кој ги има овие разговори? Кој ги преслушал овие разговори и дали во нив има индиции за криминал или интимни содржини со кои што обвинителите може да бидат уценувани?

Време е Јавниот Обвинител да излезе од шинелот на Зоран Заев и да почне да постапува согласно заклетвата која што ја дал. Јовески со непостапување ја злоупотребува должноста, што е казниво дело, Уште пострашно е што со непостапување фрла сенка кон претстојниот изборен процес“, изјави Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања