Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

(ВИДЕО) Стоилковски: Шекеринска, Спасовски, Николовски и Царовска користат службени возила вон работно време за приватни средби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

СДСМ ја поистоветува државата со партијата. Прави класична злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. Граѓаните им ги плаќаат возењата и партиските состаноци тука во седисштето на СДСМ на партиските фунцкионерите на СДСМ, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Мила Царовска, кои се министри во владата на партиски состанок доаѓаат со службени возила.

— реклама —

Шекеринска, Спасовски, Николовски и Царовска незаконски користат службени возила вон работно време и за приватни средби.

Според тоа што беше објавеното во медиумите, министрите не беа единствени кои што користеа службени возила и се превезуваа за партиски потреби, злоупотреби имаат направено и од голем број на директори и други избрани и именувани функционери од оваа партија.

Ова не е правна држава. Дали граѓаните на Република Македонија се должни да го плаќаат приватниот превозот и приватните партиски состанови на СДСМ?

— реклама —

Дали е ова департизацијата на администрацијата која што ја ветуваа и за која зборуваа на цел глас?

Злоупотребата на државни возила за партиски цели е врв на партизација на државата. Ова покажува дека СДСМ не прави разлика помеѓу партијата и државата.

СДСМ мора да одговори, колку ги чини граѓаните еден состанок на ЦО на СДСМ, во смисла на возила, шофери, гориво и амортизација на возилата кои што се наплаќаат од Буџетот од граѓаните на Република Македонија.

Злоупотребата на државните ресурси е уште една причина СДСМ да си замине од власт“, изјави Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања