Владата на ДУИ и министерот Бектеши мора да соопштат што е договорено во Слупчане во однос на плаќањето сметки за струја. Дали Владата, која се вмеша во овој должничко-доверителски спор, е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите или гарант за ЕВН дека ќе ги наплатат парите, истакна на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Владата е гарант дека во Слупчане ќе се добие гарантирана месечна наплата за струја, како што бараат од 3.000 денари, без разлика колку се троши? Дали Владата можеби ќе им ги плати долговите на слупчанци кон приватна фирма бидејќи парите на крајот сепак ќе бидат наплатени? Дали Владата ќе дозволи можеби повисока сметка на струја на државно ниво за да се покрие таа разлика?“, прашува Стоилковски.
[embed]
Ова, како што вели, е резултат на корупцијата, на криминалот, на претприемачкиот дух на младите со презиме Ахмети или Груби, на рекламите на Владата на сметките за струја!
Според него, мора да се даде одговор на прашањето зошто сега се случува овој проблем ако се знае дека со само две неплатени сметки ЕВН гаси струјомер насекаде во Македонија и како се дозволени толкави милионски долгови, а никој не презел мерки.
Одговорите на овие прашања, како што вели, се и одговори за зелената агенда, непостапувањето на ЈО за „Соравија“ и за аудито возено од Груби, за хотелот на Шапка, за локалот во Скопје.
„И, секако, одговор за наводните оставки и отворањето на Уставот како единствена пречка кон ЕУ“, вели Стоилковски.
Макфакс
